Offline употреба на Вашиот телефон
На места каде што не сакате да остварувате и да примате повици, сè уште можете
да пристапите до Вашата музика, видео записи и offline игрите, ако го вклучите
профилот offline.
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување , а потоа одберете
Turn
offline mode on
.
Кога е вклучен профилот offline, конекцијата со мобилната мрежа е исклучена.
Сите радиофреквентни сигнали помеѓу телефонот и мобилната мрежа се
оневозможени. Ако се обидете да испратите порака, таа ќе биде поставена во
папката на Појдовното сандаче и ќе биде испратена само кога ќе вклучите друг
профил.
Можете да го користите Вашиот телефон и без SIM картичка. исклучете го
телефонот и отстранете ја SIM картичката. Кога повторно ќе го вклучите, вклучен
е профилот offline.
Важно: Во offline профилот не можете да остварувате или примате било какви
повици, или да користите други карактеристики за кои е потребно мрежно
покривање. Можете да го повикате официјалниот број за итни слуачи
програмиран во Вашиот уред. За да упатувате повици, морате прво да се
префрлите на друг профил.
Кога е вклучен профилот offline, сé уште можете да се поврзете на Wi-Fi мрежа,
на пример, да ги читате Вашите e-mail пораки или да пребарувате на интернет.
Исто така, можете да користите Bluetooth.
Ако вклучен NFC, тогаш е вклучен и во профилот offline. За да го исклучите NFC,
одберете >
Settings
и
Connectivity
>
NFC
, а потоа поставете ја опцијата
NFC
на
Off
.
Исклучете го телефонот кога не е дозволена употреба на мобилен телефон или
кога тој може да предизвика пречки или опасност. Запомнете да ги почитувате
применливите безбедносни мерки.
Персонализација и Nokia Продавница 49