Активности на екран на допир
За да го користите Вашиот телефон, допрете или допрете и задржете го екранот
на допир.
Важно: Избегнувајте гребење на екранот на допир. Никогаш не користете
вистинско пенкало, молив или друг остар објект за да пишувате на екранот на
допир.
Отворање апликација или објект
Допрете ја апликацијата или објектот.
Допир и задржување за повеќе опции
Поставете го прстот на објект, додека не се отвори мени.
Пример: За да испратите картичка за контакт или да избришете аларм, допрете
и задржете ја картичката или алармот, а потоа одберете ја саканата опција.
Влечење на објект
Допрете и задржете го објектот, а потоа лизгајте го прстот низ екранот.
20
Основна употреба
Пример: Можете да ги влечете објектите во почетниот екран или да ги
организирате во главното мени.
Повлечи
Поставете го прстот на екранот, а потоа лизгајте го во саканата насока.
Пример: За да се префрлате на некој друг почетен екран, движете лево или десно.
За брзо лизгање низ долга листа или мени, лизгајте со прстот бргу нагоре или
надолу по екранот, потоа набрзина подигнете го Вашиот прст. За да прекинете
со лизгањето, допрете го екранот.
Зумирање или одзумирање
Поставете два прста на некој објект, како мапа, фотографија или web страница, а
потоа со лизгање разделете или приближете ги прстите.
Основна употреба 21
Совет: Можете исто така да го допрете објектот два пати.