Совети за фотографија
За да ја отворите камерата, притиснете го копчето за камера.
•
Користете ги двете раце за смирено да ја држите камерата.
•
Ако не ја користите камерата подолго од една минута, таа ќе го вклучи
режимот на спиење. За да ја разбудите камерата, кратко притиснете го
копчето за камера.
За да ги добиете најдобрите фотографии онака како што Вие тоа го сакате,
одберете од трите режими што Ви ги нуди камерата:
Камера и фотографии
35
•
Ако претпочитате да дозволите камерата да ги избере најдобрите
прилагодувања, користете го режимот Automatic. Сѐ што треба да направите
е да ја насочите камерата и да снимате.
•
Режимот Scenes Ви нуди некои веќе подготвени сцени за различни ситуации.
Пример: Режим пејзаж: за да фокусирате далечен пејзаж. Режим одблизу: кога
фотографирате мали детали. Снежен режим: за многу бели средини. Режим
под рефлектор: на концерти каде што изведувачот е под рефлектори, пред
темна позадина.
•
Режимот Creative Ви овозможува сами да ги дефинирате прилагодувањата на
камерата и да ги зачувате профилите со различни прилагодувања за лесна
употреба потоа.
За да го промените режимот на фотографирање, одберете ја иконата . Ако е
потребно, допрете ја десната страна на екранот за да ги напуштите
прилагодувањата.
Одржувајте безбедно растојание кога го користите блицот. Не го користете
блицот на луѓе или животни одблизу. Не го покривајте блицот додека
фотографирате.