Прикажување фотографии и видео записи на ТВ
Можете да гледате фотографии и видео записи на компатибилен телевизор и
можете да им ги прикажете на семејството и на пријателите.
Ако телевизорот поддржува HDMI, можете да користите компатибилен кабел со
HDMI микро конектор (достапен е одделно) за да го поврзете телефонот со
телевизорот со висока резолуција.
Прикажување фотографии и видео записи на телевизор со висока резолуција
Поврзување на телефонот со телевизорот
Поврзете го кабелот на HDMI микро конекторот во HDMI микро конекторот на
телефонот. Поврзете го другиот крај на кабелот со HDMI конекторот на
телевизорот.
Ако не гледате ништо на екранот на телевизорот, проверете дали телевизорот
го користи правилниот влез за HDMI.
Движење на екранот на телевизорот
Одберете ги иконите со стрелки на екранот на телефонот. За да одберете нешто,
одберете ја иконата
OK
.
Гледање фотографија или видео
Одберете
Videos
или
Photos
, одете до фотографијата или видеото, а потоа
одберете
ОК
.
Камера и фотографии
45
Одење до претходната или следната фотографија
Одберете ја стрелката за назад или напред.
Ротирање на одбраната фотографија
Одберете ја стрелката за горе или долу.
Почеток на слајд шоу со фотографии
Кога гледате фотографија, одберете
OK
.
Паузирање или повторно пуштање на видео
Одберете
ОК
.
Премотување назад или брзо премотување напред на видео
Одберете ја стрелката за назад или напред.
Гледање фотографии и видео записи на телевизор со стандардна резолуција
Потребно е да користите кабел за видео поврзување на Nokia (достапен е
одделно) и може ќе треба да ги промените прилагодувањата за ТВ-излез и
размерот на гледање.
За да ги промените прилагодувањата на ТВ-излезот, одберете >
Settings
и
Phone
>
Accessories
>
TV-Out
.
1 Поврзете Nokia кабел за видео поврзување со видео влезот на
компатибилен TV. Бојата на приклучоците мора да одговара на бојата на
штекерите (подножјата).
2 Поврзете го другиот крај на кабелот за видео поврзување на Nokia со Nokia
AV конекторот на телефонот.
Ако не гледате ништо на екранот на телевизорот, проверете дали сте го
избрале правилниот влез на телевизорот.
46
Камера и фотографии
3 Одберете ја фотографијата или видеото на телефонот.
Не поврзувајте производи кои што произведуваат повратен сигнал бидејќи тоа
може да го оштети уредот. Не поврзувајте никаков извор на напон во Nokia AV
конекторот. Ако во Nokia AV конекторот поврзувате надворешен уред или
слушалки, различни од оние што се одобрени од Nokia за користење со овој уред,
обрнете посебно внимание на нивото на јачината на звук.