Nokia 808 PureView - Совети за видео записи

background image

Совети за видео записи
За да ја отворите камерата, притиснете го копчето за камера.

За најдобри резултати, затворете ги сите отворени апликации пред снимање.

Снимајте во масовната меморија на Вашиот телефон, ако е можно.

Ако снимате видео записи во мемориска картичка, за најдобра изведба

користете компатибилна, брза, високо квалитетна microSD. За видео записи

од 360p и 720p, препорачаната класа на microSD картичка е 4 (32 Mbit/s (4

MB/s)) или повисока. За видео записи со Full HD (1080p), се препорачува

мемориска картичка од Класа 6 (80 Mbit/s (10 MB/s)).

Пред првата употреба, направете резервна копија на сите важни содржини

на картичката, а потоа искористете го телефонот за да ја форматирате

картичката, дури и ако картичката била претходно форматирана или

користена со телефон на Nokia. Форматирањето ги брише сите содржини на

картичката.

Ако со текот на времето картичката стане побавна, направете резервна копија

на сите важни содржини на картичката, а потоа искористете го телефонот за

да ја форматирате картичката.