Снимање видео запис
Покрај фотографирање со Вашиот телефон, можете да ги снимате Вашите
посебни моменти и како видео записи.
За да ја отворите камерата, притиснете го копчето за камерата.
1 За да се префрлите од режим на фотографија во режим на видео, ако е
потребно, одберете ја иконата .
2 За да започнете со снимањето, притиснете го копчето за камера.
3 За да зумирате, ставете прст на екранот и лизгајте го нагоре. Кога рамката ја
опфаќа областа што сакате да ја зумирате, подигнете го прстот. За малку да
одзумирате, ставете прст на екранот и лизгајте го надолу. За целосно да
одзумирате, лизгајте го прстот крај долниот раб на екранот.
Камера и фотографии
37
Исто така, можете да ги користите копчињата за јачина на звукот за да
зумирате – можеби ќе Ви биде полесно да го промените нивото на зумирање.
4 За да го стопирате снимањето, притиснете го копчето за камера.
Видео записите се зачувуваат во Gallery. За брзо да го прегледате видео записот
што сте го снимиле, одберете ја > . За да ги прикажете претходната
фотографија или видео запис, лизгајте надесно.
Совет: Можете исто така да го испратите видео записот во мултимедијална или
во e-mail порака. За да ја ограничите големината на видеото за испраќање, пред
снимањето, одберете ја иконата >
Creative
>
Resolution
и одберете големина
што е доволно мала, како
360p
.