Nokia 808 PureView - За камерата

background image

За камерата

За да ја отворите камерата, притиснете го копчето за камера.

Зошто да носите посебна камера кога Вашиот телефон има сè што Ви е потребно

за снимање на спомените и уште многу повеќе? Со камерата на телефонот,

можете да снимите фотографии и видео записи со супериорен квалитет во

големини што соодветствуваат за споделување.

Задната камера на Вашиот телефон ја користи револуционерната технологија за

снимање PureView Pro. PureView Pro на Nokia го комбинира сензорот со екстремно

висока резолуција со оптиката Carl Zeiss™ со високи перформанси. Тие две

Камера и фотографии

33

background image

заедно даваат невидена изведба на слаба светлина и супериорен квалитет на

фотографии и видео, во компактни големини на датотеки за споделување. Со

PureView Pro, исто така, можете на сосем нов начин да зумирате и да ги исечете

фотографиите. Камерата има три режими на снимање и голем број

прилагодувања што ќе одговараат на секое расположение.

Исто така, можете да го користите телефонот за да ги погледнете или измените

фотографиите и видео записите, да ги споделите на интернет или да ги испратите

до компатибилни уреди.

Совет: Можете да фотографирате дури и кога екранот и копчињата на телефонот

се заклучени. Притиснете го копчето за камера за 1 секунда, за набрзина да

снимите фотографии.