Зачувување информации за локација на фотографиите и видео записите
Дали сакате да знаете точно каде сте биле кога сте снимиле некоја фотографија
или видео запис? Или, можеби не сакате да ги вклучите овие информации во
фотографиите и видео записите? Променете ги прилагодувањата за зачувување
на информациите за локација во телефонот.
Вклучување или исклучување на зачувувањето на информациите за локација
1 Одберете >
Settings
и
Privacy
.
2 Поставете ја опцијата
Save location info in Camera
на
Yes
или
No
.
38
Камера и фотографии
Податоци за локација може да се додадат на некоја фотографија или видео запис,
ако Вашата локација може да се определи користејќи GPS или мрежни методи.
Ако споделувате фотографија или видео запис што содржи информации за
локација, тие информации може да ги видат оние коишто ја гледаат
фотографијата или видео записот. Додавањето гео-ознаки можете да го
исклучите во прилагодувањата на камерата.
Може да потрае неколку минути за да се добијат координатите на Вашата
локација.
На достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да влијаат Вашата локација,
положбата на сателитите, зградите, природните пречки, временските услови и
прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата на Соединетите
Американски Држави. GPS сигналите можат да бидат недостапни во
внатрешноста на згради или под земја.
Не користете GPS за прецизни мерења на локации и никогаш не потпирајте се
исклучиво на информациите за локацијата обезбедени од GPS и мобилните
мрежи.