Полнење на батеријата
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката, но можеби е потребно да ја
наполните повторно пред да можете да го вклучите телефонот за првпат.
1 Ако треба да го наполните телефонот, направете го следново:
За почеток
11
2 Кога батеријата е полна, сторете го следново:
Можете да користите полнење преку USB кога не е достапен ѕиден приклучок. За
време на полнењето на уредот можен е пренос на податоци. Ефикасноста на
напојувањето преку USB може значително да се разликува и може да биде
потребно долго време пред да почне полнењето и уредот да почне да
функционира.
Не треба да ја полните батеријата за некое одредено време и можете да го
користите телефонот додека се полни.
Ако батеријата е целосно испразнета, може да потрае неколку минути пред
индикаторот за полнење да се појави на екранот или пред да можат да се направат
било какви повици.