Nokia 808 PureView - За NFC

background image

За NFC
NFC го прави поврзувањето и споделувањето брзо и безбедно. Телефоните и

додатоците на Nokia коишто поддржуваат NFC се поврзуваат безжично кога ќе ги

допрете заедно.

Со NFC можете да:

16

За почеток

background image

споделувате содржина што сте ја создале помеѓу два компатибилни телефони

што поддржуваат NFC,

се поврзете со компатибилни Bluetooth додатоци коишто поддржуваат NFC,

како слушалки или безжичен звучник,

платите со телефонот, ако е поддржано од мрежниот оператор на услуги,

допрете ознаки за да земете повеќе содржини за телефонот или да

пристапите до online услуги,

играте игри со повеќе играчи против други сопственици на компатибилни

телефони коишто поддржуваат NFC.

Областа за NFC се наоѓа на задната страна на телефонот, под камерата. Допрете

ги другите телефони, додатоци или читачи со областа за NFC.

Кога екранот на телефонот е вклучен можете да користите NFC. Во зависност од

операторот на услугите, можеби ќе можете да плаќате или да го користите

телефонот како билет, дури и кога телефонот е заклучен.

За повеќе информации, погледнете го видеото со упатства за NFC на телефонот.

Совет: Можете да даунлоадирате повеќе содржини што се поддржани од NFC

од Nokia Продавницата.