Вметнување на SIM картичката
Важно: Овој уред е направен за употреба само со мини-UICC SIM картичка, исто
така позната како микро-SIM картичка. Микро-SIM картичката е помала од
стандардната SIM картичка. Употребата на некомпатибилни SIM картички може
да ја оштети картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се
зачувани на картичката.
Не користете SIM картички што се модифицирани за да одговараат на држачот за
микро-SIM картички. За да замените стандардна SIM картичка со микро-SIM
картичка, контактирајте со операторот на услуги.
Не залепувајте лепенки на Вашата SIM картичка.
1 Осигурете се дека телефонот е исклучен.
2 Поставете го ноктот во празнината на долниот раб од задниот поклопец, а
потоа внимателно подигнете и отстранете го.
3 Ако батеријата е во телефонот, извадете ја.
4 Лизгајте го држачот на SIM картичката за да го отворите. Користете ги ноктите
за да го подигнете држачот на SIM.
8
За почеток
5 Осигурете се дека областа за контакт е свртена надолу, ставете ја SIM
картичката во држачот и навалете го држачот.
6 Лизгајте го држачот на SIM картичката за да го заклучите.
7 Подредете ги контактите на батеријата, притиснете ја батеријата навнатре и
потоа вратете го задниот поклопец.
Отстранување на SIM картичката
1 Исклучете го телефонот.
2 Отстранете го задниот поклопец.
3 Ако батеријата е во телефонот, извадете ја.
4 Отворете го држачот за SIM и извлечете ја картичката.