Вметнување мемориска картичка
Мемориските картички се продаваат одделно.
Користете само компатибилни microSD и microSDHC картички одобрени од Nokia
за користење со овој уред. Некомпатибилните картички може да ја оштетат
картичката и уредот или податоците зачувани на картичката.
За почеток
9
1 Осигурете се дека телефонот е исклучен.
2 Поставете го ноктот во празнината на долниот раб од задниот поклопец, а
потоа внимателно подигнете и отстранете го.
3 Ако батеријата е во телефонот, извадете ја.
4 Лизгајте го држачот на мемориската картичка за да го отклучите. Користете
ги ноктите за да го отворите капакот од држачот на мемориската картичка.
5 Осигурете се дека областа за контакт е свртена надолу, ставете ја
мемориската картичка во држачот и навалете го држачот.
Мемориските картички се продаваат одделно. За видео записи со Full HD
(1080p), се препорачува мемориска картичка од Класа 6.
10
За почеток
6 Лизгајте го држачот на мемориската картичка за да го заклучите.
7 Подредете ги контактите на батеријата, притиснете ја батеријата навнатре, а
потоа вратете го задниот капак.
Отстранување на мемориската картичка
1 Исклучете го телефонот.
2 Отстранете го задниот поклопец.
3 Ако батеријата е во телефонот, извадете ја.
4 Отворете го држачот за мемориска картичка, а потоа извлечете ја
мемориската картичка.