Nokia 808 PureView - Пуштање на песна преку радио

background image

Пуштање на песна преку радио
Дали сакате да слушате музика погласно или преку поквалитетни hi-fi стерео

звучници? Можете да пуштате музика преку FM радио.

1 Наместете го радио приемникот на некоја слободна фреквенција.
2 Изберете >

Music player

.

3 Одберете некоја песна или некоја плејлиста.
4 Одберете ја

>

Play via Radio

.

5 Внесете ја фреквенцијата на којашто го наместивте радио приемникот. На

пример, ако фреквенцијата 107.8 MHz е слободна во Вашата област и го

наместите Вашиот FM приемник на таа фреквенција, мора исто така да го

наместите FM предавателот на 107.8 MHz.

За да ја прилагодите јачината, користете ја функцијата за јачина во приемното

радио. Осигурете се дека јачината на телефонот не е исклучена.

Совет: За лесно вклучување или исклучување на FM предавателот, додадете го

додатокот Play via Radio на Вашиот почетен екран.

Оваа апликација е обезбедена само за лична употреба на содржина што е легално

добиена.