Nokia 808 PureView - За репродукција со DLNA

background image

За репродукција со DLNA
Одберете ја иконата >

DLNA play

.

Дали би сакале да ги видите фотографиите или видео записите од телефонот на

друг уред, како на пример, на телевизорот? Или да ја слушате музиката од

телефонот на домашниот стерео систем? Со DLNA play можете безжично да ги

репродуцирате медиумските содржини на уредите што поддржуваат DLNA.

Треба да го сторите следново:

Wi-Fi мрежа. За најдобри резултати, безжичниот рутер треба да е поврзан со

уредот што поддржува DLNA преку кабел.

На телефонот е вклучен Wi-Fi и телефонот мора да е поврзан со истата Wi-Fi

мрежа со која е поврзан уредот што поддржува DLNA.

Постојат различни типови на уреди што поддржуваат DLNA. Ако можете да се

поврзете со телефонот на уредот и можете да ја контролирате репродукцијата,

уредот влијае врз обработката на снимката. Ако можете да ја гледате

медиумската датотека на телефонот од уредот, телефонот ја има улогата на

плеер. За да го дознаете видот на Вашиот уред што поддржува DLNA, можете да

го проверите и упатството за корисникот.

За повеќе информации околу тоа како да ја поставите Wi-Fi конекцијата, одете до

www.nokia.com/support.